Магазинот Uncensored објави наводно нови снимки од Росвел на кои се гледа како американски војници носат тело на вонземјанин. Во магазинот кој се занимава со необични појави, тврдат дека снимката е доказ дека вонземјаните биле во „Ареа 51“.
Видеото е наводно од четириесетите години од минатиот век, но Филип Мантле, експерт за НЛО, тврди дека тоа е „најобична измислица“.
Како што пишува Дејли мејл, снимката е од филмот ‘Alian Autopsy’ кој е пуштен 2006. година.
Уште еден експерт за НЛО филмови, Исак Кои, истакнува дека снимката е дело на уметникот Џон Хампхреј, кој потврдил дека тој е творец на вонземјанското суштество.
Но, и покрај тоа, многумина и натаму веруваат дека НЛО го посетило градчето Росвел во Ново Мексико.