Изнервираниот 40-годишен Кејнт Дивандер се скарал со 43-годишниот Сандро Ротман, му го зел таблетот од раце, го фрлил на подот и силно го удрил. Ударот од Британецот, кој аматерски се занимавал со бокс, бил фатален, пишува Дејли мејл.
Неколку дена пред нападот, убиениот човек бил обвинет за детска порнографија и го чекал судењето. Полицијата во почетокот на јануари во неговиот компјутер пронашла 150 датотеки со снимки од девојчиња помеѓу 8 и 12 години. Не се знае дали убиецот знаел за тоа.
Кога полицијата дошла во ресторанот Германецот сè уште бил жив, а починал подоцна во болница. Убиецот избегал од местото на настанот, но набргу бил уапсен. Аутопсијата што ќе ја потврди причината за смртта сè уште е во тек, соопшти локалната полиција.