Моќна реклама која ќе ве насолзи – „Мојот татко лаже“

popara12 февруари, 20151min00
Моќна реклама која ќе ве насолзи – „Мојот татко лаже“

Видеото на осигурителната компанија MetLife од Хонгконг има моќ да ги трогне сите родители кои даваат сè од себе за своите најмили дечиња.

На почетокот на емотивната реклама, татко чита расказ кој неговата мала ќерка го напишала за него.

„Татко ми е најслаткиот татко на светот. Тато е најзгодниот, најпаметниот, најостроумниот, најдобродушниот… Тој е мојот супермен. Тато сака да напредувам на училиште. Тато едноставно е прекрасен. Но, тој лаже…“

„Лаже дека има работа. Лаже дека има пари. Лаже дека не е уморен. Лаже дека не е гладен. Лаже дека ние имаме сè. Лаже дека е среќен. Лаже заради мене… Го сакам татко ми“ – пишува на листот.

Да, родителите често ги лажат децата и никогаш не жалат за тоа што свесно се саможртвуваат за нивното добро.

https://www.youtube.com/watch?v=3bdm4NBYxII

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma