На кого што му пречи: На Овенот конкуренција, на Ракот нељубезност

popara13 февруари, 20151min00
9

Понекогаш не знаеме ни самите што и зошто ни пречи, а уште помалку на другите. Но хороскопот, според некои карактеристики може да ги открие можните слабости или работи кои им пречат на луѓето во одреден хороскопски знак.

Ако некого не го познавате доволно, но не сакате да направите нешто што би му пречело, проверете го неговиот хороскоп:

Овен

Вам не треба никој да ви се испречува на патот. Нешто што не поднесувате е кога некој е пред вас или сака да ве надмине. Тоа се однесува и во однос на професионалниот успех и во однос на емоциите. Ви пречи дури и кога некој е пред вас во редот за чекање или ако ви дофрла при зборувањето. Тешко ви паѓа ако не сте на врвот.


Бик

Најмногу ви пречи неквалитетот. Обрнувате внимание на сè што нудите, па истото го очекувате и за возврат. Тоа најмногу се однесува на материјалните работи, но и на емоциите и размислувањата. Би биле навредени ако некој не ви овозможи квалитетна храна или удобно сместување. Не се задоволувате со скромност.


Близнаци

Нешто што сигурно може да ги одбие Близнаците е монотонија и рутина. Ако некој сака да биде покрај вас и вашата немирна природа, мора да знае да се носи со сето тоа и постојано да ви приредува различна забава и многу новости. Најмногу ви пречат исти работи, исти места, исти луѓе.

na-kogo-sto-mu-preci-na-ovenot-konkurencija-na-rakot-neljubeznost-1.jpg

Рак

Емотивниот Рак не може да поднесе нељубезност, особено ако се однесува на непристојни коментари за некој член на вашето семејство. Бесчувствителноста е нешто што не можете да го разберете кај другите луѓе и ако некој не внимава како се однесува кон вас и што зборува, многу лесно може да ве навреди и изгуби.


Лав

Знакот управуван од Сонцето, не поднесува да е во втор план или некој да го засени. Никако не би поднесле некој да му наштети на вашето семејство или пријателите, па сигурно би биле крајно иритирани ако некој се обиде. Ако некој сака да биде во добри односи со вас никако не смее да ве игнорира и мора да ви ја даде главната улога.


Девица

Ви пречи кога имате чувство дека не сте корисни или дека некој нема потреба од вас. Вие сакате кога можете да помогнете и да бидете некој вид спасител. Но, не ви одговара кога некој ве критикува, без разлика што сте свесни за своите маани, тешко ви е ако треба да се докажувате некому.

 

na-kogo-sto-mu-preci-na-ovenot-konkurencija-na-rakot-neljubeznost-2.jpg

Вага

Ве иритира туѓата грубост, вулгарност и отсуство на манири или кога се нема осет за да се направи нешто. Внимавате на убавината, па ви пречат луѓе кои не се грижат за својот изглед. Својствена ви е неодлучноста, па тешко ви паѓа кога и вашите блиски бараат помош за да донесат одлука, која вие не можете ни за себе да ја донесете.


Скорпија

Најмногу ви пречи кога некој нема цел и не е одлучен. Обично знаете што сакате од животот и сметате дека секој треба да има нешто кон кое се стреми. Дополнително ви пречи кога некои луѓе ве критикуваат и осудуваат за вашите желби и потреби кои најчесто се од еротска природа.


Стрелец

Ништо не може да ве изнервира повеќе од мрзливи и намуртени луѓе кои не знаат што да прават со себе. Оние кои ќе се најдат на ваш пик за шегување, мора да се насмеат и да ја прифатат шегата, инаку не би можеле долго да бидат во ваше друштво. Сакате просперитет, па ве нервираат луѓе без идеи и ограничени можности.

na-kogo-sto-mu-preci-na-ovenot-konkurencija-na-rakot-neljubeznost-3.jpg

Јарец

Ве одбиваат луѓе кои не се мотивирани и амбициозни за поголем успех и подобар статус. Вие често имате високо мислење за себе, знаете да бидете и резервирани, па немате премногу разбирање за оние кои на јавни места и собири покажуваат премногу емоции.


Водолија

Најлошо е ако некој на кого му верувате ве разочара. Многу ви е важно пријателството, па ако некој од пријателите ве повреди тоа би ви било најтешко. Не простувате неверство, имате силна потреба да бидете ценети од другите поради вашата оригиналност и индивидуалност, па ви пречи ако некој се обиде да ви го одземе тоа уживање.


Риби

Вашата доверба тешко се добива, особено ако некој не се вклопува во вашите соништа и фантазии. Не сакате сувопарни факти, зборови и некој кој ќе ве потсетува на суровата реалност. Не ви одговараат ниту непредвидени ситуации кои ќе ви предизвикаат фрустрации. Иако сте познати по непостојаноста, немате баш многу разбирање кон луѓето кои често ги снемува, па се појавуваат кога нешто им треба.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma