На романтиката на Денот на вљубените најмногу им се радуваат водените знаци, додека земјените повеќе сакаат подарок или вечера.
Еве кој хороскопски знак како гледа на Свети Валентин.
Овен – посакува повеќе внимание
Темпераментните припадници на овој знак сакаат големи и екстравагантни докази за љубовта, па Валентин им е идеална прилика за тоа. Со оглед на тоа што и самите ќе се потрудат, истото го очекуваат и од партнерот, кој ќе се најде во проблеми, доколку не создаде идилична љубовна атмосфера.
Бик – прилика за уживање
Со оглед на тоа што денот на вљубените за многумина подразбира вкусна вечера, припадниците на овој знак токму поради тоа уживаат во овој ден. Не страдаат од големи демонстраци во љубовта или филмски сценарија, туку Валентин го гледаат како прилика за хедонистичко уживање со партнерот.
Близнаци – не сакаат типичен Св. Валентин
Припадниците на овој воздушен знак не се поборници за романтика, а Свети Валентин не им претставува нешто големо. Едно поинакво излегување кај нив е секогаш добредојден план, па така и овој ден. Но, не сакаат типично сценарио со рози и свеќи. Нема премногу да драматизираат ниту ако не добијат подарок.
Рак – го обожава овој ден
Припадниците на овој знак одвај го чекаат Св. Валентин, под услов да се вљубени и да имаат со кого да го прослават. Ракот од партнерот очекува да ужива со него, и да се препушти на романтиката. Нивната идеална романтична вечер почнува со вечера и завршува како во филм, со водење љубов и нежни зборови.
Лав – не му значи ништо
Припадниците на овој знак не се имуни на романтика, но сакаат таа да живее секој ден, а не само поради комерцијализација. Со оглед на тоа што Лавот сака убави подароци, нема да се буни доколку му подарите нешто, но нема да очекува. За Лавот идеално да си помине, е да гледате заедно некој филм и да се галите на каучот.
Девица – очекува романтика колку да си помине на редот
Припадниците на овој приземјен и аналитички знак не се многу романтични, и повеќе сакаат конкретни убави дела, отколку подароци и зборови. Но сепак, ако не им го честитате празникот ќе се чувствуваат повредени.
Вага – сака посебни пригоди
Припадниците на овој знак ја сакаат секоја прилика во која можат убаво да се облечат, да посетат отмен ресторан и да уживаат во одлично вино. Тие не очекуваат толку романтика, но очекуваат уживање. Ако не организирате ништо, ќе ја разочарате Вагата која ќе смета дека не сте доволно емотивни, иако ниту самата не е ништо подобра, ниту романтична.
Скорпија – Валентин е прилика за жесток секс
За припадниците на овој знак, прославата на Свети Валентин е и асоцијација за жесток секс. Секси долна облека, магично сценарио и ноќ посветена на партнерот, за Скорпијата е врв на романтиката. Не очекуваат скапи подароци, затоа што најубав подарок за нив е еротична масажа.
Стрелец – го обожава овој ден
Иако не гледаат на овој празник како на симбол за љубов, Стрелците со задоволство би се препуштиле на романтиката. Изненадувањата навистина ќе ги израдуваат, особено ако станува збор за нови работи кои ги немале до тогаш. Немојте да се чудите ако со денови претходно зборуваат дека не сакаат ништо за Валентин – тие само сакаат да остават впечаток на разумност.
Јарец – сака допири, а не зборови
Како и Девицата, така и Јарецот само формално го прославува овој ден. Но, ако партнерот заборави на овој ден, сигурно ќе се налути. Јарецот не сака да дава ниту да добива скапи подароци, туку повеќе сака да ја помине вечерта во разговор и гушкање, а потоа и во жесток секс. Допирите им значат повеќе од комплиментите, а и се нивен начин на покажување емоции.
Водолија – Валентин е глупост за овој знак
Припадниците на овој знак дефинитивно се најголеми противници на комерцијализација на Денот на вљубените. Тие не сакаат од нив нешто да се очекува за подарок, ниту пак очекуваат од партнерот каков било подарок. Сепак, ако се тазе вљубени ќе посакаат да го прослават денот, иако ниту самите не знаат како.
Риби – сакаат филмско сценарио
Валентин е ден за остварување на сите љубовни соништа на романтичните Риби. Со оглед на тоа што вложуваат многу во емотивните односи, и нивните очекувања се големи. Мечтаат за патувања, романтична вечера и танц на залезот на сонцето. Ако нивниот партнер не го посакува истото, ќе бидат разочарани и тажни.