
Сон на многу страствени љубители на спортските автомобили, е да седнат зад воланот на некое Порше, Ламборџини, Ферари и други модели на некои од реномираните произведувачи на спортски автомобили.
Луѓето кои имаат шанса често да возат вакви автомобили, брзо забораваат на сите “обични” кои ги возеле до тогаш, што не треба да чуди бидејќи спортските автомобили се направени со намера да пружат незаборавно искуство во возењето.
Еден од таквите автомобили е “Porsche 918 Spyder”. Автомобилот кој чини околу 750.000 евра е еден од најпосакуваните од својот вид, а момчињата кои имале шанса да го повозат по замрзнатите патишта на Финска се вистински среќници.
Во земјата на одличните рели возачи постојат услови на кои можностите на еден автомобил се ставаат на тест, што било случај и со ова Порше, кое за овој тест било опремено со посебни зимски гуми.