Чувал 40 години кутија во гаражата, без да знае колку вреди

popara20 февруари, 20151min00
24

„Пикасо имаше целосна доверба во мене“, тврдеше во вторникот пред судот во југоисточниот француски град Грасе поранешниот електричар на славниот уметник, 75-годишниот Пјер Лежунек на првиот ден од процесот кој се води против него за затајување на 271 уметничко дело.

Пјер Лежунек изјавил дека Жаклин, последната муза и втора сопруга на Пабло Пикасо, еден ден му дала кутија полна со дела и му кажала дека тоа е за него.

Електричарот ја чувал кутијата во гаражата 40 години. Тврди дека не бил свесен за вредноста на делата. Кутијата повторно ја отворил дури во 2009 година, кога бил болен и се загрижил што ќе се случи со уметничките дела по неговата смрт, па се обратил до фондот кој се занимава со чување на делата на Пикасо коишто ги наследиле неговите деца, изјави адвокатот на Лежунек.

Во септември 2010 година Лежунек отпатувал во Париз за да ги предаде делата во споменатиот фонд. Неколку дена подоцна француската полиција ги запленила.

Првиот ден од процесот, покрај електричарот била сослушана и неговата 71-годишна сопруга Даниел, а следните денови ќе бидат сослушувани и тројцата наследници на Пикасо, чии застапници ја потврдија автентичноста на делата, но тие се убедени дека делата се украдени.

alg-painting-picasso-jpg

Станува збор за дела создавани во периодот меѓу 1900 и 1932 година, и тоа мали платна, 180 литографии, колажи, 91 цртеж на листови од блок за скицирање и сите се добро зачувани. Првично, нивната вкупна вредност некои ја проценуваат на околу меѓу 60 и 100 милиони евра.

Доколку сопружниците Лежунек бидат осудени за прикривање на украдени дела би можеле да добијат по пет години затвор и парична глоба од 375 илјади евра.

Пикасо, кој почина во 1973 година не остави тестамент. Но тој во текот на својот творечки век создал најмалку 70 илјади дела кои поради нивната голема вредност беа предмети на кражби, фалсификати, правни спорови и тајни препродажби.

Кон крајот на јануари американските медиуми пишуваа дека внуката на уметникот, Марина Пикасо тајно ги продава неговите слики коишто во наследство ги доби по судски пат, за вкупно 270 милиони американски долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag