Направете сами ефикасна крема од природни состојки, по грчкиот рецепт стар 2.000 години.
Не морате да трошите големи суми на пари, или да купувате препарати за нега на кожата. Можете самите да направите ефикасна крема од природни состоји, според грчки рецепт стар 2.000 години.
Потребно е: лажица органски мед, 8 лажици рендан пчелин восок, 200 мл. бадемово масло, пола шолја вода од ружа.
Постапка: На тивок оган стопете ги медот, восокот и бадемовото масло. Кога добро ќе се растопи, тргнете ја смесата од рингла и оставете ја да се олади, но не сосема. Водата од ружа додадете ја во топлиот восок и капка по капка, постојано мешајте.
Кога лосионот ќе биде добро промешан, сипете го во стаклени тегли, кои ќе ги затворите дури откако препаратот сосема ќе се олади. Оваа крема можете да ја користите за отстранување на шминка или како крема против брчки.