Најгламурозната вечер во годината ни овој пат не не` разочара. Одличниот домаќин Нил Патрик Херис успеа да ја забавува, насмее и допре публиката на 87-мото доделување на златните статуи во Холивуд.
Им беше оддадена и почест на сите оние актери кои не` напуштија минатата година во трогателно видео.
https://www.youtube.com/watch?v=9L34OIkT-xk
Добитници на Оскар на 87-мото доделување на наградите на американската Академија на филмски уметности и науки:
Најдобар филм: „Birdman“
Режија: Алехандро Гонзалез Инјариту (Birdman)
Главен актер: Еди Редмејн (The Theory of Everything)
Главна актерка: Џулијан Мур (Still Alice)
Спореден актер: Џ.К. Симонс (Whiplash)
Споредна актерка: Патриша Аркет (Boyhood)
Оригинално сценарио: Алехандро Гонзалез Инјариту, Николас Џакобоне, Александер Динеларис Џуниор, Армандо Бо (Birdman)
Адаптирано сценарио: Грејам Мор (The Imitation Game)
Странски филм: Ида (Полска)
Анимиран филм: (Big Hero Six)
Документарен долгометражен филм: CitizenFour
Монтажа: Том Крос (Whiplash)
Фотографија: Емануел Лубески (Birdman)
Сценографија: Адам Стокхаузен и Ана Пинок (Grand Budapest Hotel)
Костим: Милена Канонеро (Grand Budapest Hotel)
Шминка и фризура: Френсис Кенон и Марк Кулијер (Grand Budapest Hotel)
Оригинална музика: Александер Депла (Grand Budapest Hotel)
Оригинална песна: „Glory” (од филмот „Selma”)
Монтажа на звук: „American Sniper“
Визуелни ефекти: „Interstellar“
Документарен краток филм: „Crisis Hotline: Veterans Press 1“
Анимиран краткометражен филм: „Feast“
Акционен краткометражен филм: „The Phone Call“