На болно момче никој не се појавил на роденден, па полицијата ја решила работата!

popara24 февруари, 20151min00
11

Глен Бурати од Флорида го славел шестиот роденден. Неговата мајка на прославата повикала 16 деца. Меѓутоа, никој не дошол, а тогаш забавата ја спасиле полицајци, пожарникари и локалните мештани.

7

Глен боледува од епилепсија и има аутизам. Неговите родители Ешли и Џон Бурати, на 8 Февруари ги повикале пријателите на синот, но никој не се појавил. Момчето било тажно, а мајката своето разочарување го изразила на Фејсбук.

2

– Од моментот кога се разбуди сакаше само да знае кога ќе му дојдат пријателите. Кога никој не дојде, Глен се расплака- напишала мајката на локална група на Фејсбук која има околу 10.000 членови. Кога останатите членови ја прочитале пораката, почнале да ја испрашуваат Ешли дали може да ги доведат своите деца на роденденската прослава.

3

Пораката дошла и до шерифот кој испратил хеликоптер да прелета преку куќата на Глен. Пилотот летал доволно ниско да види Глен како му мава со раката. На крајот на прославата дошле 15 деца и 25 возрасни. Донеле многу подароци.

1

Прославата не се завршила во недела затоа што три дена подоцна се појавиле и пожарникари кои малиот го повозиле во својот камион. Дошле и неколку полицајци со мотори и автомобили кои исто така му го честитале роденденот, пишува Дејли Мејл.

6 4