Иако сеуште официјално не е најавен, веќе знаеме дека Google напорно работи на верзијата 5.1 од својот мобилен оперативен систем Android. Всушност, оваа верзија е веќе достапна за Android One уредите во Индонезија и Филипините…
Шпекулациите велат дека ќе го добиеме Android 5.1 во текот на идниот месец, иако не се знае точниот датум. Она што е познато е дека ќе претставува поголем и позначаен апдејт, кој ќе донесе повеќе новости од стандардните подобрувања на перформанси и средување на багови.
Дел од новитетите се директно префрлување на Wi-Fi и Bluetooth конекции од нотификацискиот центар, нова апликација за часовникот со нови анимации, како и подобрувања во самиот изглед на Material Design со промени кои ги сакаат корисниците. Погледнете го видеата и галеријата.