Откријте дали вашиот партнер има некоја друга девојка

popara30 мај, 20151min00
7

„Ако го имате она лошо чувство дека вашето момче е во некаква врска со некоја друга, тогаш ве советуваме да ги пробате овие совети пред да направите било што.“

Тие ќе ви дадат повеќе аргументи дали вашето претчувство е вистинско или пак се лажете, а воедно, ќе ви помогнат да одлучите да се соочите со вашиот партнер.

1. Најпрво проверете дали вашиот партнер ги менува своите навики. Дали тој сега се дотерува повеќе отколку вообичаено и дали става колонска вода повеќе од претходно. Ова се однесува и ако тој се тушира почесто, што значи дека со него нешто се случува, нешто што вие самата треба да го откриете.

2. Партнерот кој што е во прељуба често му се случува да го изгуби сонот и постојано да е поспан. Тоа е најповеќе поради тоа што води двоен живот, па затоа припремете се за една детективска работа: проверете дали тој спие попладне и дали навечер четува со некој на интернет.

3. Побарајте низ вашиот стан шноли или било какви аксесоари коишто би можела да ги „заборави“ неговата нова девојка. Тие најчесто забораваат нешто по туширањето, па затоа добро проверете дали сé што е во вашиот тоалет е навистина ваше!

4. Доколку вашиот партнер е во постојана врска со некоја друга, тогаш таа негова мала авантура, кога-тогаш, ќе почне да излегува на виделина. Споменува ли тој, понекогаш, по грешка, туѓо име?

5. Прељубниците имаат потреба да поминат подолго време со своите љубовници, па затоа тие бараат разни изговори за своето отсуство од дома. Ако го прави ова, тогаш навистина е потребно да се сомневате во тоа каде тој го поминува времето кога не е со вас!

6. Многу мажи се лутат кога им буричкате низ мобилниот, но направете го тоа тајно и видете дали има разговори со некоја друга девојка. Ако тие се почести, тогаш ќе мора да го прашате за што станува збор и да видите како ќе реагира тој на тоа. Или пак јавете и се на девојката, онака, по грешка и потоа кажете му го тоа на вашиот партнер. Реакцијата е најважна!

7. Обидете се да видите што тој сурфа на интернет. Проверете ја неговата историја во броусерот и доколку посетува некој од социјалните мрежи посветени за запознавање и секс, тогаш обидете се да го најдете неговиот профил и да видете што тој, всушност, прави таму.

8. Направете еден мал тест за да видите дали некој друг лежел во вашиот кревет. Под вашата перница ставете шнола, игла или ластиче и доколку потоа, кога ќе проверите, го нема предметот онаму каде што сте го ставиле, тогаш вие сте на вистинскиот пат да клоцнете некого. Да, да, клоцање..

Но, внимавајте да не сте во заблуда и пред се, добро размислете колку и дали сте љубоморна!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag