
Братот на планетарно популарната старлета Ким Кардашијан, Роб конечно ја отвори душата и откри која е причината поради која паднал во тешка депресија и дозволил неговото тело да се упропасти до тој степен.

Роб призна дека пејачката Рита Ора е виновна за неговата состојба. Тие беа во врска во 2012-та година, а откако таа го остави тој падна во тешка депресија и почна да зборува се најлошо за неа.
„Таа ме изневери со речиси 20 момчиња додека бевме заедно. Само не можам да сфатам како една жена може да си го прави тоа на своето тело“, напишал роб на Твитер, а потоа се покаја и го избриша.

За работата да биде уште полоша, пејачката изјави дека никогаш не била со него, а тоа тотално го уништи и потоа западна во депресија од која се уште не е излезен. Тој буквално нема волја да се врати во живот и утеха бара во храната.
