Запознајте се со посебните одлики на астролошките полови

popara3 март, 20151min00
2

Сите ги знаете карактеристиките на својот знак, како и на знакот на вашиот партнер. Но, постои и значајна разлика меѓу машките и женските претставници…

… на секој знак, па добро е да се запознаете со посебните одлики на астролошките полови.

Овен

Жената Овен е енергичен флертувачки ураган што сака да биде ценета и опсопувана со внимателни гестови, но таа ќе ве напушти во истиот момент кога ќе почувствува дека ја гушите. Најмногу ја привлекуваат згодни, успешни љубовници кои можат да го подигнат и онака високото ниво на нејзината самодоверба. Ако го загуби интересот за партнерот, веднаш ќе го остави менувајќи го за „посјаен модел“. Ако сепак го освоите нејзиното срце бидете подготвени на нејзината љубомора, натпреварувачки дух, па понекогаш и суровост. Оваа жена може да биде комплетно лојална и го бара истото за возврат.

Мажот Овен е динамичен борец кој сака да биде преплавен од страст и емоции, но не може да поднесе никаква рутина. Сака моќни, мотивирани партнерки чија страст е еднаква на сексуално торнадо. Ќе треба време да се навикнете на неговиот вообразен став, како и на неговите брзи пламнувања во страшен бес, но за среќа тој се смирува еднакво брзо како што се жести. Треба да бидете многу возбудливи за да почнете врска со него, а монотонијата е најдобар начин да го оддалечите од себе.

Бик

Жената Бик најчесто ја крие својата ранливост. Ја привлекуваат партнери кои се материјално еднакви или подобри од неа, оние кои нудат некаква гаранција за иднината. Таа сака да ги негува и да се грижи за луѓето што и` се драги. Во јавност ќе биде мирна и тивка, а пред најблиските ќе ја покаже својата дива страна. Многу е тврдоглава, а знае да биде и посесивна.

Мажот Бик е полн со интегритет и сила, лојален е и драг. Најчесто нештата ги гледа црно-бело, неговата партнерка веројатно често ќе дискутира во обид да му ги смени крутите сфаќања. Бикот ја очекува истата лојалност што ја дава, и веднаш ќе ја остави партнерката која флертува со други мажи. Можеби не е авантуристички настроен, но тоа го надоместува со големиот сексуален апетит.

Близнаци

Жената Близнаци е духовита, шармантна и интелигентна. Повеќе ја привлекуваат мажи со висок коефициент на интелигенција отколку со големи мускули. Романсата со неа може да процвета од еден доволно примамлив разговор. Не се отвора лесно, па подобро се снаоѓа во забавни, отколку сериозни разговори. Таа сака сигурност и стабилност во љубовта, како и партнер кој навистина ќе ја разбере. И да, таа скоро секогаш доцни барем 10 минути.

Мажот Близнаци е интровертен екстроверт! Оддава слика на духовит, харизматичен и интелигентен човек, но без разлика колку сте блиски никогаш не можете да бидете сигурни што му се врти во глава. Тој сака партнерка која ќе му покаже доволно емоции за да му потврди дека е супер, но не премногу емоции што би ги усложниле работите. Решен е да не се врзува, освен ако не наиде на девојка со која разговорите нема да станат здодевни, девојка која сака да успее без негова помош и која ќе ги сака истите авантуристички потфати како и тој.

Рак

Жената Рак е примамлива убавица чија нежност и внимателна природа ја прават омилена во секое друштво. Таа верува дека љубовта е најдоброто нешто во животот, па што поромантична љубов, толку подобро. За неа, сентименталноста е начин на живот. Таа е повлечена, но еротична и сака љубовник кој ќе и` се предаде. Нејзиното променливо расположение е голем предизвик за партнерот, а таа знае да направи вистинска драма од своите изливи на гнев тогаш кога нештата не се по нејзино. А кога оваа женствена заводница го лови партнерот, нејзиното внимание и приврзаност правата тој да не сака да се ослободи од стапицата.

Мажот Рак е романтична душа. Тој е искрен, посветен и заштитнички настроен, но може да биде еднакво посесивен, па и љубоморен на времето што партнерката го минува со пријателите. Тој сака партнерка која ќе „паѓа во несвест“ кога ќе го здогледа и која ќе ужива во тоа што е негов центар на светот.

Лав

Жената Лав најчесто е успешна, самоуверена и понекогаш надмена. Ја привлекуваат атрактивни, авантуристички љубовници кои ќе ја делат сцената со неа се` додека не се обидат да и` ја украдат главната улога. Нејзините сексуални вештини ќе ги задоволат и најпребирливите, но не барајте да биде перверзна. Иако понекогаш се однесува како тиранин, таа никогаш не би трпела насилен партнер. Лавиците знаат дека го заслужуваат најдоброто и не се плашат да пробаат многу примероци во потрагата по вистинска љубов.

Мажот Лав е силен и срдечен, има магнетска привлечност и секогаш настапува весело и забавно. Тој знае да биде многу великодушен и доволно успешен за да може да си го дозволи тоа. Го привлекува убавина од секаков вид, а особено го привлекуваат партнерките кои го обожуваат. Сексот со Лавот е несомнено бурен, но штом заврши тој ќе стане за да најде нешто за јадење.

Девица

Жената Девица навистина е чиста и доблесна, но знае и да се опушти и забавува, барем тогаш кога не е зафатена со преанализирање на секоја ситница од својот живот. Секогаш сака да ја има контролата над нештата, или барем над себеси. Во нејзиниот свет има место, време и ред за се` – па и нејзината љубов и доверба мора да се заслужат. Најмногу ја привлекуват уредни љубовници чија интелигенција ќе и` биде предизвик. Претпазлива е со своите емоции, но кога ќе реши да ја ослободи страста нема ништо суптило во неа. Таа е екстремно чувствителна личност која постојано е во потрага по совршенството во себе, животот и љубовта.

Мажот Девица е човек кој ужива да работи. Секогаш бара нови начини да ги подобри нештата, па го привлекуваат партнерки на кои им треба негова помош или совет, но тие мора да бидат интелигентни и компетентни во друга област. Тој е и себичен и бескрајно несебичен, може да смрзне вулкан или да растопи санта мраз, во зависност од расположението. Но со партнерка која милосрдно го сака, неговата посветеност секојдневно расте.

Вага

Жената Вага е топла, елегантна и женствена уметничка душа. Таа може да најде нешто привлечно во секој човек, место или предмет и се` уште верува дека принцот од бајките ќе се појави на бел коњ. Ја привлекуваат убави мажи со либерални сфаќања, а таа како добар партнер ќе се труди да ги насети нивните потреби некогаш подзаборавајќи дека треба да им остави простор за дишење. Вагата е најпривлечна тогаш кога е задоволна од себе.

Мажот Вага е тип на човек околу кој сите сакаат да бидат. Силен е во секој поглед – тело, ум, карактер и деловен успех. Разуздан како помлад, го отфрла бурното минато кога ќе созрее и ќе најде паметна и лојална партнерка. Се плаши да не биде оставен, а неговата најголема желба е најде партнер со кој совршено ќе се надополнува.

Скорпија

Жената Скорпија е неоткриена мистерија, понекогаш дури и за самата себе. Таа е силна, но и нежна, внимателна, пријатна, интуитивна, примамлива и срамежлива. Ќе го прифати секој предизвик, ќе биде победник без да се перчи, и ќе љуби толку длабоко што и самата ќе се изненади. Во сексот не познава граници, но многу е пребирлива во изборот на партнери. Ја привлекуваат атрактивни, мудри и мистериозни мажи. Таа може да биде многу посесивна, но нејзината слобода мора да биде неограничена.

Мажот Скорпија е физички привлечен, но интeлектуално иритантен. Секогаш го знае одговорот пред да го постави прашањето, и само сака да види како ќе реагирате. Го привлекуваат независни, но лојални партнерки, интелигентни, но не премногу испитувачки настроени. Дури и најприврзаниот маж Скорпија има партнерка што се прашува дали тој и` е приврзан. Тој е горд и мистериозен, а ако не одлучи да ве избезуми со тишина и интриги, тогаш сигурно ќе ве освои и ќе биде еден од оние љубовници што никогаш нема да ги заборавите.

Стрелец

Жената Стрелец ја осветлува просторијата кога ќе влезе во неа. Шармантна, досетлива, дружељубива и урнебесно забавна оваа жена можеби не е сигурна во кој правец се движи нејзиниот живот, но сигурно максимално ќе ја искористи секојa добра прилика по патот. Таа е независна и импулсивна, а нејзината идеја за романса е луда авантура што трае цела недела, но слободно може да и` донесете шампањ и рози ако сакате. Ја привлекуваат активни, интелигентни и оптимистички љубовници кои исто колку неа копнеат по непознатото. Таа знае како навредата да ја каже како комплимент, а за неа „извини“ како збор едноставно не постои. Најверојатно нема да знаете каде оди, но забавата и хаосот ќе го одбележат патот каде веќе била.

Мажот Стрелец е доволно шармантен за да припитоми отровна змија, и еднакво интригантен како личност. Стрелецот е весел и остроумен оптимист, најчесто неконвенционален, но дефинитвно човек околу кого ќе сакате да бидете. Се` додека постои возбудата на ловењето тој ќе ве воодушевува со својот хумор и чувство за романтика, но за него врската трае само две недели. Стрелецот е вистински Петар Пан и никогаш нема да порaсне, ниту да се смири.

Јарец

Жената Јарец е енергичен воркохолик. Оваа фам фатал што е секогаш во движење има добро срце и е една од најлојалните и најгрижливи песимисти на светот. Типично за неа е неуморно да трага по нови успеси на деловно поле, и да падне на површни романтични ситуации на љубовен план. Иако бара топол и грижлив партнер, таа најчесто паѓа на лажни ветувања искажани од атрактивни усни. Таа е нежно суштество чии чувства лесно може да се повредат. Нејзиниот свет го владеат логиката, емоцијата и драмата, па таа можеби лесно простува, но нигогаш не заборава.

Мажот Јарец се одликува со сила и издржливост, како професионално, така и во спалната соба. Најчесто е успешен и бара атрактивни партнерки што знаат да бидат добри соговорници, но се сепак помалку интелигентни од него. Му треба партнерка што ќе се соглсува со него, за тој да заштеди време на манипулација и контролирање, па да може да ја опсипе со убавини. Според него, онаа што ќе ги исполни неговите очекувања заслужува да биде галена и наградена.

Водолија

Жената Водолија е мечтателна, аналитична, идеалистична и пријателски расположена личност која или ги маѓепсува или ги плаши оние што ќе ја запознаат. Во неа има некој смирен интензитет што може да ви биде драг или премногу збунувачки, но никогаш нема да ве остави без особен впечаток. Најмногу ја привлекуваат истомисленици, оние кои ја ценат искреноста и кои го сакаат човештвото, светот и сите форми на живот во него. Таа е еден од најдобрите слушатели, но често заборава да го побара она што таа го сака или и` треба. Има идеалистичен поглед на светот, па и на љубовта.

Мажот Водолија има ум на иноватор и интелект и вокабулар на реномиран професор. Го интересира се` што е ново и што може да се истражи, постојано е жеден за нови знаења, а неговиот мозок е како префинет сунѓер што го впива се` она што тој сака да го научи. Навидум е ладен и прибран, понекогаш ексцентричен, но тоа е само обвивка зад која се крие една топла и грижлива душа. Најмногу го привлекуваат партнерки што ја сакаат слободата, жени со добро срце и емпатична душа. За него животот е големо игралиште, но неговите лојалност и посветеност кон избраната партнерка, како и неговите идеали, се безгрешни.

Риби

Жената Риби е милозвучна нежна жена вљубена во самата љубов и романтика. Нејзината уметничка душа го настројува темпераментот повеќе кон солзи отколку кон бес. Нејзината смисла за хумор е сензуална, а нејзината харизма е заводлива. Верува во романтичната љубов од бајките, па најчесто паѓа на плејбој тип на момци не забележувајќи ја сигурноста што и` ја нуди некој што не се претставува како принц од сказна. Верува дека има нешто добро во сите, но често не може да ја препознае сопствената внатрешна сила. Жената Риби која моли да биде спасена често прави сосема погрешни избори на мажи.

Мажот Риби има голема почит кон животот, особено виден низ неговата духовита призма. Тој е современ мистик, шармантен и романтичен, па се чини скоро надреален. Неговите променливи расположенија прават да ви раскажува најдлабоки тајни, а веднаш потоа да биде повлечен и самозатаен. Тој љуби длабоко и емотивно, па и може лесно да се врзе, но секогаш е во потрага по ново ниво на интензитет. Најмногу го привлекуваат прекрасни луѓе кои се доволно силни да го задржат и доволно паметни за тоа да го прават ненаметливо и сочувствително. Познат е како меланхоличар кој често жали по минатото и по она што не може да го има.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag