Знаци дека таа ве напушта

popara3 март, 20151min00
7

Зошто жените ги оставаат мажите? Затоа што се заљубиле во некој друг, затоа што тие не им ја покажуваат доволно својата љубов, затоа…

…што ги изневериле, затоа што сексот повеќе не е добар, затоа што тој ги заборава важните датуми…

Ако нешто почне да шкрипи во врската која до тогаш функционирала беспрекорно, можно е таа да изгубила интерес за него.

Кога ќе почне да ви дозволува да ја носите кошулата која до тогаш ја мразела, вие можеби ќе помислите дека ви се доближиле вкусовите, додека таа често ќе го погледнува омразениот дезен и така дополнително ќе ја потврдува својата одлука да ве напушти.

Бидете внимателни кога ќе престанат расправиите – и тоа значи нешто. Можеби ќе помислите дека конечно сте воспоставиле доминација, но би можеле непријатно да се изненадите кога ќе видите дека неа воопшто не ја интересира вашето мислење. Многу и е полесно да каже едно „аха“ отколку да троши енергија на објаснување.

Мажите сакаат да помислат дека жената не се разбира во работата која тие ја работат. Тука се крие една голема грешка. Кога жената е заљубена, таа е заинтересирана за сè што е  поврзано со таа личност – неговата работа, мисли, идеи, планови.

Кога ќе дојдеме до подрачјето на еротските фантазии, приказната станува „пипава“. Престанокот на физичката комуникација е многу сложена работа. Нејзината рамнодушност најпрвин се открива по тоа што нејзината рака е сè поретко на вашето рамо, во вашата рака, или пак околу вашиот врат.

Така од ден на ден – сè додека не престане да ви се јавува. Некој непромислен маж ќе помисли дека конечно се вразумила и не му зврцка секој час, меѓутоа ако телефонот не ѕвони со денови, ќе му стане јасно за што се работи.

Телефонирањето без причина во било кое време, јасно говори дека мисли на вас. Кога ќе престане, опасно е…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag