Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс со богатство од 79,2 милијарди долари и годинава е најбогат човек на светот.
Втор на листата се најде Карлос Слим, чие богатсво се проценува на 77,1 милијарди долари.
75 годишниот мексиканец парите ги стекна во телекомуникацискиот бизнис.
Со 72,7 милијарди долари трет на листата се најде Ворен Бафет , кој денеска го најави своето повлекување од лидерското место на неговата компанија Беркшир хатауај.
Следен на листата е сопственикот на Зара, Ортега, со заработени 64,5 милијарди долари, додека петти е Лари Елисон, сопственикот на Оракл.
Основачот на Фејсбук, Марк Цукербер се наде на 16 то место на листата. Неговото богатство изнесува 33,4 милијарди долари.
На листата која секоја година ја објавува Форбс, во првите десет позиции се најде и една жена.
Сопственичката на ланецот маркети Вол март, Кристи Волтон со богатсво од 41,7 милијарди долари, која се најде на 8 позиција.
Најстариот на листата е Рокфелер. Има 99 години и стекнато богатсво од 3 милијарди долари. Најмладиот е 24-годишниот Иван Шпигел од Снеп чет кој заработил 1,5 милијарди долари.