Додека се шетал во канцелариите во главното седиште на Фејсбук, неименуваниот извор забележал дека еден вработен бил логиран на неговиот профил без користење на лозинката.
После првичниот шок кој го доживеал, овој корисник дознал дека вработените во Фејсбук имаат комплетен пристап на своите профили на оваа социјална мрежа.
По тој повод, славната веб страна “The Verge” побарал од Фејсбук да одговори на прашањето кој се има пристап до профилите на корисниците, како и тоа дали тие ги читаат приватните пораки.
Во одговорот на компанијата стои дека е точно дека вработените можат да пристапат до профилите на сите корисници за да го одржуваат профилот и да ги решаваат потенцијалните проблеми.
Меѓутоа, во Фејсбук тврдат дека активностите на вработените луѓе постојано се следат и дека доколку пристапот до нечиј профил изгледа сомнително таа личност автоматски ќе добие отказ.
“Не толерираме злоупотреба и недолично однесување, тоа автоматски значи отказ”, порачуваат од Фејсбук.