
Како што и пенисот се менува за време на сексот, така и вагината го прави тоа. Разликата е што промените кај машкиот полов орган се многу поочигледни.
1. Штом дојде до страствена игра, вагината веднаш започнува да се навлажнува. Во зависност од личноста и ситуацијата, телото започнува да лачи природен лубрикант помеѓу 10 и 30 секунди од почетокот на предиграта. Количината на влажноста зависи од неколку фактори: самата личност, возбудувањето, циклусот, земањето лекови…
2. Кога жената е возбудена, вагината се продолжува. Вагиналниот отвор се набабрува за подобро да ја стимулира ејакулацијата на мажот. Замислете како пенисот изгледа “паднат” и колку се зголемува кога е во ерекција. Толку расте и вагината кога жената е возбудена.
3. Внатрешниот, “горниот” дел на вагината се зголемува двојно кога жената ќе се возбуди, но тој дел ги нема оние нерви кои предизвикуваат чувство на пријатност, освен на самиот врв. Делот во кој вагината е најчувствителна (не вклучувајќи ја Г точката) е онај долниот, на самото влегување во вагината, бидејќи има најмногу нервни завршетоци кои на жената ѝ овозможуваат убаво чувство.
4. Кегеловите мускули, мускулите на карлицата, може да се зацврстат со вежби за отворот на вагината да биде потесен. Со тоа може да се спречи инконтиненција. Кегеловите мускули се мускули во долниот дел на карлицата, кои овозможуваат запирање на мокрењето, а за време на оргазмот автоматски се стегнуваат.
5. Кога жената е возбудена, отекува и еректилното ткиво околу уретрата за да се спречи мокрењето за време на половиот однос, а со тоа се спречува и навлегување на бактерии. Ова ткиво е мошне чувствително и е поврзано со клиторисот. Еректилното ткиво за време на возбудувањето станува почувствително и поцврсто, што го зголемува уживањето за време на вагиналниот секс.
6. За време на возбудувањето клиторисот и околната “област” набабруваат два пати повеќе поради протокот на крв.
7. Скенеовите жлезди, кои се наоаѓаат околу уретрата, се задолжени за производство на женски ејакулат. Да, и жените може да ејакулираат, но ретко на некои тоа им успева. Кај некои жени Скенеовите жлезди се мали, па имаат и мало производство, а некои жени ги немаат.