
Даниел Перино, 51-годишен актер и повремен веб дизајнер од Њујорк, веројатно не ни сонувал каков резултат ќе донесе неговиот невообичаен и очајнички потег.
Имено, Перино во август целиот град го облепил со флаери на кои напишал дека бара девојка, па добил период во неговиот живот за каков другите може само да сонуваат. На Перино дневно почнале да му се јавуваат 200 до 300 жени и оттогаш до денес спиел со 118 од нив.
„Вкупно имам примено преку осум илјади телефонски повици за шест месеци“, рекол Перино, па истакнал дека меѓу сите тие силни жени, не ја пронашол онаа со која би основал семејство,

А за да запроси некоја, морала да има измеѓу 25 и 37 години, затоа што досегашните искуства го научиле дека постарите жени се исклучиво заинтересирани за секс за една вечер.

„Сум доживеал секакви работи. И тоа преку телефон да ме лажат дека имаат 40 години, а подоцна се испоставило дека се работи за многу постари дами“, раскажал Перино, кој и денес инсистира дека идејата со флаерите била искрена, а не дека претставувало некој вид на необична самопромоција.
Тој им признал на австралиските новинари дека потрагата за сродна душа планирал да ја направи меѓународна, затоа што Американките му здодеале.

„Жените надвор од САД се многу поопуштени и порелаксирани во сексуалноста“, рекол Перино, кој за своите досегашни авантури ќе проговори и во документарен филм.
Во него ќе има многу инресни дружења, па и присетувања на вечерта кога 25-годишна девојка по него испратила лимузина и го дочекала во хотел.