Цвеќето што ќе ви го подари, ќе ви открие многу

popara8 март, 20151min00
17

Според некои истражувања се дошло до заклучок дека цвеќето кое го подарува некое момче на девојка, многу кажува за неговите чувства кон неа.

Иако се смета дека момците не размислуваат многу околу цвеќињата и најлесен избор им е црвената ружа за секоја прилика, сепак, некогаш посегнуваат и по нешто друго.

Можеби не се ни свесни, но бојата на цвеќето кое ќе им го подарат на девојките може да ги открие нивните чувства.

Црвената јасно ја покажува љубовта и романтичните чувства, страста и почитта.

Белата укажува на наклоноста, искрените и сериозни намери кон девојката, без разлика дали е во прашање врска или брак.

Жолтата боја искажува пријателство и приврзаност.

cveketo-koe-ke-vi-go-podari-otkkriva-sto-cuvstvuva-za-vas-1.jpg

Розевата претставува израз на воодушевување, благодарност и среќа.

Портокаловата е знак за обожавање и прикриена страст.

Нежната праска боја е израз на симпатија, признавање и уважување

Бојата на лаванда покажува дека тој е целосно маѓепсан и заљубен уште на прв поглед,

Какви цвеќиња најчесто ви подарува момчето?