
Долгата темна коса, по која се препознатливи сестрите Кардашијан веќе ја нема. Прво помалата сестра Клое Кардашијан заплива во водите на плавушите, а сега тоа го прави и Ким.
Ким, после кратењето на долгата темна коса минатиот месец, сега се реши за подрастична промена, па отиде директно платинеста (како што се пофали) во еден обид. Новата фризура ја промовираше на модната недела во Париз кога се појави на ревијата на Belmain за колекцијата есен зима 2015/2016.
