
Кравите се познати како животни кои имаат силен мајчински инстинкт. Тоа го докажува и случајот со една крава која буквално го сокрила своето новороденче, за фармерот да не го пронајде.
На ваков потег се одлучила затоа што забележала дека кога и да се отелела, фармерот доаѓал и го одведувал телето. Кога престанала да дава млеко во количините кои фармерот ги барал, таа веќе била подготвена за во кланица.
За среќа ја спасиле претставниците од организацијата за заштита на животни “Edgar’s mission” во Австралија.
Кога ја довеле на својата фарма, претставниците сфатиле дека е бремена. Некаде околу терминот кога требало да се отели, волонтерите забележале дека таа се однесува многу чудно. Кога истражиле за што станува збор, сфатиле дека таа тајно се отелила, и новороденчето го сокрила во висока трева во близина, за луѓето да не можат да го пронајдат.
Истражувачите велат дека таа има болни сеќавања од претходното потомство, па одлучила новороденчето да го сокрие од луѓето.