Нешта кои не сте ги знаеле за неверството

popara8 март, 20151min00

Кога искушението е преголемо и повеќе не можете да ја контролирате желбата, неверството изгледа како единствената логична опција во ситуацијата. Сепак, пред да му се предадете на слаткиот, но опасен грев размислете два пати.

Генетски предодредени за неверство

Колку и да се обидете да се сопрете себе си можеби неверството едноставно ви е во крвта. Барем така велат научниците кои тврдат дека постои генетска предиспозиција поради која не можете да останете верни на еден човек. Тоа е генот DRD4 кој ги прави луѓето склони кон промискуитет и неверство.

Мажите со длабок глас неверни?

Според една студија жените се уверени во тоа дека мажите кои имаат длабок глас не им се верни на своите партнерки. Сепак, вистината е дека гласот нема никаква врска со неверството и покрај тоа што подлабоките гласови за некого звучат посекси.

Неверните со скршен пенис

Внимавајте да не ве фатат или што е пострашно да не завршите со скршена играчка. Едно истражување на пациенти со скршени пениси покажува дека сите се здобиле со повредата додека ја изневерувале својата партнерка.

Среда ден на неверните

Според еден познат сајт за запознавање среда е денот кога се случуваат најголем број од неверствата и тоа во периодот од 17 до 19 часот.

Неверство платено со срцев удар

Студијата на универзитетот од Фиренца покажува дека ненадејниот срцев удар е поверојатен кај мажи кои спијат со својата жена и со својата љубовница, отколку кај оние кои си седат мирни.

Сопругата попривлечна од љубовницата

Иако ги изневеруваат своите жени, повеќето мажи сметаат дека нивната избраничка е попривлечна од жената со која решиле повремено да ја заменуваат. Објаснувањето е дека си ја сакаат сопругата, но повремено имаат потреба од малку авантура.