Седумте тактики на емоционалните манипулатори

popara8 март, 20151min00

Емоционалните манипулатори се едни од оние луѓе кои сакале или не, ќе ги сретнете во своето секојдневие. Ако дозволите да ви се доближат доволно блиску за да можат да ви го поматат умот за кратко ќе останете без пријатели, а воедно ќе започнете да се сомневате во сопствените одлуки.

Многумина мислат дека лесно можат да се справат со емоционалниот манипулатор, но во суштина манипулаторите имаат мошне добро разработени тактики со кои ќе ве заробат пред воопшто да се свестите дека нешто се случува.

Тактика на лажна помош

Ова е една од првите тактики со кои манипулаторот ќе ви навлезе под кожа. Наједноставно кажано, тој е тука за вас. Ви помага кога ќе го побарате тоа од него, но во исто време се наметнува да ви помогне во било која друга ситуација. Со оваа тактика ви остава впечаток дека е добар човек, на кој можете да се потпрете во секое време. За кратко ве убедува дека сте многу слични личности и дека поминувате низ истите проблеми. И додека мислите дека сте го нашле вистинскиот партнер или пријател на кој потполно можете да му верувате, емоционалниот манипулатор добро го подготвува теренот за спроведување на својот план.

Ви ги извртуваат зборовите на негативен начин

Се е во ред до оној момент кога ќе започне да ве пецка со своите коментари. На пример додека сте во друштво со други луѓе, раскажува некоја ситуација која е сосема поинаква од она што навистина се случило ставајќи ве во позиција да морате да се согласите со него. Кога ќе му се налутите за нешто или пак му потенцирате дека нешто не ви се допаѓа, го извртува разговорот, па изгледа дека сакате да го навредите, а не да бидете искрени со него. Од овој момент започнувате да внимавате што зборувате бидејќи започнувате да мислите дека вашето однесување е она кое што е погрешно, а не неговото.

Индиректен пристап на делување

Манипулаторот ќе ви го каже она што сакате да го слушнете, а потоа ќе го поткопа тоа. Во лице ќе ви ги подржи сите планови, а зад грб ќе ве исмева, но не на директен начин. Најпрвин ќе ви објасни дека е тука за вас, но во првата прилика кога нема да можете да се справите со нештата ќе ве убедува дека премногу драматизирате и дека ако не сте способни да се носите со проблемите не би требало воопшто да се нафаќате со реализирање на плановите. Со ова ви ја разнишува самодовербата и прави да се сомневате во својот избор.

Постојано тврдат дека се во најлоша состојба

Сите имаат проблеми, но емоционалниот манипулатор секогаш го има најголемите, барем ако му верувате на зборовите. Кога и да сакате да се пожалите поради нешто што ви се случува, манипулаторот вешто го врти разговорот на себе си, велејќи дека она што ви се случува вам не е ништо во споредба со она низ што поминува тој. Вистината е дека неговите проблеми воопшто не се толку големи, но за да ве држи до себе треба да ви ја продаде приказната дека е жртва.

Ви создаваат непотребно чувство на вина

Едно од најдобрите оружја за емоционална манипулација е чувството на вина. Ќе ви се налутат за нешто сосема банално, чисто за да ја тестираат својата моќ врз вас. Бидејќи како што претходно напоменавме ја играат улогата на жртва и индиректно ќе ве натераат да направите нешто за нив, за потоа да ве наведат да помислите дека воопшто не го побарале тоа од вас.

Постои само едно гледиште…Нивното!

Иако ќе ве убедуваат во тоа дека секогаш се грижат за туѓите потреби, реално единствените потреби кои се обидуваат да ги задоволат се своите. Ако нешто е лошо, секогаш се виновни другите, но не и емоционалниот манипулатор. Тој се труди да се претстави како личноста која е најемотивна, која најмногу се труди и која на крајот секогаш е искористена. Затоа секое однесување го оправдува со тоа дека се брани од луѓето кои го „повредуваат“.

Го намалуваат нивото на позитивна енергија

Кога е среќен, манипулаторот ужива во својот момент, но кога е лут или пак тажен, сите оние кои се околу него ги повлекува со себе. Со оглед на тоа дека пати за внимание, лесно ќе можете да забележите дека нешто не е во ред. Честопати луѓето кои ќе се обидат да го извлечат манипулаторот од оваа фаза, завршуваат без енергија бидејќи тој и понатаму инсистира на тоа дека е длабоко повреден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag