Само четвртина од луѓето се способни да ги разликуваат сите бои на сликава

popara9 март, 20151min01
2

Експертот за неуромаркетинг Дијана Дервал, на Линкедин постави интересна фотографија на која се прикажани главните бои од видливиот спектар и по неколку нивни нијанси.Таа ги предизвикува сите посетители на страната да пребројат колку различни бои гледаат. Патем, таа објаснува дека бројот на нијанси што можете да го воочите директно зависи од распределбата и бројот на рецептори за боја во вашето око. Кај најголем дел од луѓето бројот на рецептори се движи од два до четири, со тоа што секогаш постои простор за одредени аномалии. Сепак, тоа што ќе го изброите ќе ви помогне да одредите колку е прецизно вашето око, барем во однос на боите.

boje1_1425819589[1]

– Ако изброивте помалку од 20 бои, тоа значи дека сте дихромат и спаѓате во (грубо земено) 25% од светската популација. Дихроматите често носат црна, беж и темно сина, па често тоа е и еден од знаците по кои можете да ги познаете.
– Ако изброивте од 20-30 бои, спаѓате во најголемата група од луѓето – околу 50%. Тоа значи дека спаѓате во групата на трихромати (со 3 рецептори за боја во окото).
– Ако пак изброивте од 33 до 39 бои (колку што има на сликата), се сметате за тетрахромат и спаѓате во 25% од луѓето. Тетрахроматите се особено чувствителни на жолтата – најчесто ги иритира. Патем, на тестот со „Фустанот“, оваа група речиси без исклучок ќе одговори дека гледа сино-црна комбинација.

One comment

  • od mene

    10 март, 2015 at 01:54

    Jas izbrojav 46.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag