Интервју со секси бугарката што го ’запали’ студиото: Габријела Пејчев

popara9 март, 20152min00
5

1. Од каде / кога се роди вашата љубов кон музиката?

Мојата љубов кон музиката започна уште кога бев основно училиште. Таму пеев во хорот. Но, сериозно започнав да се занимавам со музика, поточно со пеење кон крајот на средното училиште. Потекнувам од музичко семејство, дедо ми свиреше неколку инструменти, татко ми пееше фантастично, така да музиката беше постојано присутна во нашето семејство.

2. Kакво детство имавте ?

Имав фантастично детство, во нормално семејство, во мојот роден град Димитровград, опкружена со позитивни луѓе кои ги сакам.

3. Како би се опишале себе си ?

Емотивна, одлучна, самостојна и често пати тврдоглава. (се смее)

4. Со кој би сакале да ве споредуваат : со Ceca ili Jelena K. ?

Со ЦЕЦА, кратко и јасно. (се смее)

5. Со кои изведувачи од Македонија ви сакале да соработувате?

Македонија има одлични пејачи, ако веќе морам да одлучам тоа сигурно би биле Даниел Кајмаковски и Калиопи.

6. Дали има нешто што би промениле во вашиот живот ?

Единствено една работа би променила во мојот живот, а тоа е , да можам да го вратам татко ми во живот. За жал, тој почина Ноември месец минатата година и не успеа да го види мојот прв настап во ″3вездите на Пинк ″ , да се радува заедно со мене.

7. На што трошите најмногу пари ?

Како и секоја девојка, најмногу пари трошам на шминка, ташни, гардероба. Често ми се случува целиот хонорар што сум го заработила за викенд да го потрошам на некој добар пар штикли или некоја добра ташна. Не се разликувам многу од просечните Балкански жени со добар вкус. (се смее)

8. Која е моментално најважна личност во вашиот живот?

Најважно ми е семејството. Неможам да издвијам никој посебно, бидејќи сите ми се драги и мили на свој начин,а нивната подршка ми е најважна.

9. Што мислите за конкурецијата ?

Конкуренцијата е силна,а тоа ми се допаѓа. Ми се допаѓа тој натпреварувачки дух во мене. Сигурна сум во себе. Без разлика на конечниот резултат од шоуто, ова за мене е само еден од многуте скали кои ме чекаат на патот кон врвот. А мојата цел е всушност тоа ! Врвот !

10. Кој е најубавиот комплимент кој сте го добиле ?

Најубав комплимент сум добила од Марина Туцаковиќ и Цеца Ражнатовиќ, ми рекоа дека сум ″одлична машина за работа″.

11. Која е ваша најдобра особина ?

Најдобра особина ми е што никогаш не се откажувам.

12. Имате ли понуди за настапи ?

Каков е интересот на публиката ? Има доста понуди за настапи, но поголем интерес од публиката допрва очекувам.

13. Кога последен пат поцрвеневте?

Последен пат поцрвенев пред неколку дена , на 8ми Март, кога еден дечко ми пријде и ми поклони ружа со реченицата: ″ За најубавата пејачка од Звездите на Пинк, најубавата ружа″. Не знам како останав на нозе. Срамежливо се заблагодарив. Но бев црвена, како ружата која ми ја подари.

14. Каде се гледате за 10 години ?

10 години е долг период, но би сакала тогаш да разговараме за долга и успешна музичка кариера.

15. Дали сте емотивно исполнети и среќни ?

Среќна девојка сум. Живеам нормален живот, опкружена со мои драги луѓе. Одличен студен сум, а успеав да се занимавам и со професија која ја обожувам. Енергијата која излегува од мене, кажува сѐ. Така да, зборови и не се многу потребни. (се смее)

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag