Мојот сопруг научи на потешкиот начин зошто жените изневеруваат

popara18 август, 20151min00
20
Марина Пирсон е блогерка која повремено пишува текстови на сајтот „YourTango“. Овој пат напишала текст за причините зошто го изневерила својот сопруг. Во него целосно отворено напишала како се чувствувала тогаш, а како се чувствува сега.

„Како можеше тоа да ми го направиш, нам да ни го направиш? Која си ти и со кого се оженив јас?“, викаше мојот сопруг со солзи во очите кога дозна дека имам афера. Цело тоа време јас стоев пред него и се тресев, во шок, без зборови и без идеја што да направам.

Јас го изневерив. Сега кога размислувам за тоа сфаќам дека ништо што ќе кажев или направев не би го смирило во тој момент. Неговата љубов кон мене се претвори во презир и омраза – во неговите очи станав чудовиште.

Кога заврши нашиот брак, низ глава одново и одново ми проаѓаа прашањата: Зошто? Зошто го изневерував? Зошто му направив такво нешто на човекот кој беше внимателен, забавен и дарежлив? Никогаш не ми направил ништо лошо.


Ако ме осудувате додека го читате ова, разбирам. Тоа е во човечката природа. Но, верувајте ми дека никој не ме осудувал повеќе отколку јас самата. Иако на крајот се испадна како што треба, не би го повторила тоа. Но, сега целосно разбирам зошто жените изневеруваат. За жал, и мојот сопруг сега го разбира тоа.

После многу размислување, конечно дознав што ме наведе за да го изневерам:

Потрага по лажна среќа

Во времето кога се случи неверството јас среќата ја барав во надворешни работи, па одлутав во мечтаење дека сите мажи на светот постојат за да ме усреќат мене. Верувам дека тоа го мислев затоа што не бев среќна во бракот со мојот поранешен сопруг и дека некој на сребрен подавалник ќе ми донесе среќа. Тоа го можеше некој друг, зарем не? Не, тоа не е вистина и никогаш нема да биде. Всушност, сето тоа поврзано со аферата ме погоди, уште повеќе ме збуни и ме унесреќи.


Лекцијата која ја научив

Сега кога спаѓам во групата на жени кои ги изневериле своите сопрузи, знам дека со неверството бегав од себе си и дека сама сум одговорна за својата среќа и исполнетост. Мојата среќа не е ничија обврска – само моја.

Криев, наместо да проговорам

Искрено верував дека бев лоша личност затоа што мојот сопруг повеќе не ме привлекуваше. А, не можев да му кажам дека сексуално не ми е привлечен. Наместо да бидам искрена, станав „лоша личност“ и го изневерив. Но, повторно молчев, затоа што мислев дека никој нема да ме сака како што ме сакаше тој.

Мојата потреба не беше погрешна, но моите постапки беа

Во времето кога имав афера, страста во мојата врска беше мртва. Сакав тој да ме посакува и да се потруди. Но, нашата врска западна во секојдневна рутина, во неа немаше возбудувања. Сакав да се ослободам од тоа, па одлучив да постапам себично (да го изневерам).

Сега знам дека мојата потрага по страст надвор од мојата врска беше краткорочно решение и дека тоа е така во сите случаи. Подобро ќе беше да работев на зачувување на она што јас и мојот поранешен сопруг го имавме.

Иако имам многу изговори, мојата афера беше себично дело. Јас прва тоа го признавам. Имав опции, можност за избор, но јас одлучив да тргнам по тој пат сигурна дека решението е во афера.


Затоа ги советувам сите жени кои се на чекор да го изневерат својот партнер добро да размислат што ќе добијат од тоа. Ако ја барате среќата, јас ви гарантирам дека нема да ја најдете, затоа што таа се наоѓа во вас.

Денес не ми е жал поради тоа што го направив, туку само поради болката која ја предизвикав. Мојот сопруг со разводот ми го даде најдобриот подарок – прилика за конечно да ја најдам среќата која се крие во мене.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag