ОВЕН
Огнен знак познат по „краткиот фитил“ и изразен темперамент. Сепак, не само по тоа. Овните се познати како многу страствени љубовници на кои сексуалната енергија им е многу важна. Бракот многу ретко ги смирува, напротив, многу припадници на овој знак лошо го поднесуваат.
Либидото главно им е поголем непријател, отколку пријател затоа што многу често не се во состојба да го контролираат. Овните поради „пеперутките во стомакот“ многу лесно се впуштаат во афера, па дури и би го промениле партнерот, особено ако „новата љубов“ им пружа поголемо задоволство во кревет.
ВАГА
Поради својата неодлучност и преголемата желба да остават добар впечаток, Вагите многу лесно ќе се впуштат во флерт кој често може да прерасне во нешто друго.
Припадниците на овој хороскопски знак се многу страствени, но во исто време фантазираат за филмска љубов која ќе им удоволува во се`. Токму поради тоа, лесно паѓаат на комплименти, што може да биде мошне опасно.
СТРЕЛЕЦ
Уште еден „жежок“ знак кој не може да си го замисли животот без секс. Ќе направи прељуба, но не поради емоции, туку исклучиво воден од либидото. Стрелците не гледаат на прељубата како на неморален чин, туку како спорт кој просто мораат да го прават од време на време.
Припадниците на овој знак обично водат грижа за својот физички изглед, а познати се по својот шарм на кој ретко кој може да му одолее.