Дури и доколку сте навлечени на Фејсбук, навистина би требало да пристапувате само преку броусерот на вашите мобилни уреди, а еве и зошто.
Компанијата AVG која се занимава со заштита на уредите од вируси објави листа на најлоши мобилни апликации според батеријата на смартфонот и севкупната работа, а Фејсбук е прогласен за најлоша апликација.
AVG откри дека мобилната апликација на Фејсбук влијае негативно на работата на смартфоните и дека е трет најголем виновник за трошењето на батеријата и интернетот.
Меѓутоа, добрата работа е што не мора да користите апликација, како би уживале во се` она што Фејсбук го нуди.
Без никаков проблем можете да ги користите и функциите кои се достапни кога ќе се логирате на Фејсбук преку мобилен броусер.