
Џон Леџенд и Сем Смит снимија одличен дует на песната „Lay Me Down“ која инаку ја изведува оној вториот. Тоа го сторија поради хуманитарни причини. Тие се здружија за да помогнат на „Комик Рилиф“, организација која работи со млади луѓе во Велика Британија и во Африка. Целта на песната е да собере пари за нивните проекти, а ќе биде изведувана на нивните музички настани кои исто така ќе бидат организирани во добротворни цели.