
Ана Марија Жујовиќ пред да биде претепана од Владимир Станојевиќ била незадоволна од сексот со него и планирала да го остави, откриваат СМС пораките кои тие си ги разменувале, до кои стигнале српските медиуми.
– Најголемиот мој проблем е тоа што не те сакав после тие десет месеци и што сексот ни е очаен. Во нашиот секс тоа не сум јас. Го одработувам. Ги немам тие емоции и страст кои постојат од твоја страна – му напишала Ана Марија на Влада.
– Како сексот е очаен? Па уживаше, го гледав тоа, го чувствував тоа – се обидувал да ја убеди Влада.
Таа продолжила со шокантните признанија.
– Кога ме побара за жена, моето прво прашање беше кој се знае и кога сфатив дека сите знаат, не можев да ти кажам „не“, можев само да одолговлекувам со свадбата. Гледаш и дека и не живееме заедно.
По овие навредливи зборови, Влада ја претепа Ана Марија неколку дена подоцна.
– Пукнав, не можев да се помирам со тоа дека те губам, а те губев, беше извесно дека дојде крајот. Не можев да те пуштам, премногу те сакав, и порача тој после инцидентот.
– Можеше да ми го уништиш животот, а знаеш дека до неверство никогаш не дојде – му одговори Ана.
Немам коментар – додаде Влада.