
Лаура Гордон од Њујорк која на 45 години е вистинкси доказ дека тренирањето секогаш дава добри резултати.
Лаура пред себе има јасна цел, да има витко тело до крајот на нејзиниот живот и таа нејзина намера е најголемата мотивација да не се откаже од тренирањето, иако, и таа како и поголемиот дел од жените, понекогаш немаат желба за вежбање.
Во нејзините студентски денови Лаура се здебелила девет килограми, па тогаш се обидела да пронајде решение за својот проблем.
– Се потпирав на еден едноставен метод – јадев помалку. Повеќе немав вечера, не јадев макарони со сирење за ужинка, не јадев ниту пица доцна во ноќта -се присетила Лаура.

Во текот на студирањето таа започнала да работи во канцеларија, па постојаното седење влијаело негативно на нејзиниот изглед.
Потоа таа започнала да тренира, но се чудела зошто нејзиното тело не изгледа онака како што таа сакала.

Причината била неправилната исхрана, а Лаура сега вели дека добриот изглед не е важно само да се избегне нездравата храна, туку дека мора да се конзумира само здрава храна.
