
Судејќи според едно истражување, 90% од луѓето сметаат дека е подобар сексот во бракот…Сепак, дале е баш така?

Некои работи, стануваат подобри со тек на годините, а дека истото важи и за сексот сметаат 90% од луѓето кои учествувале во една неодама спроведена анкета.
Меѓутоа, научниците сметаат дека постои добра причина зошто е добро секогаш да се има секс со истиот партнер. И не, тоа не е поради љубовта.
„Кога мажот ќе ја освои жената, чувствува бран на задоволство во вид на сатисфакција на егото која трае до завршетокот на оргазмот. Станува збор за многу силно чувство, но треба да се има предвид и неговата негативна последица, кога припадникот на машкиот пол се чувствува истрошено и празно, што доведува до депресивна состојба“, наведува доктор Пол Хоукмајер, терапевт за врски.

Едно истражување од 2013 година, спроведено над 3.900 студенти покажало дека многу мажи кои влегуваат во врска за една ноќ, после тоа поминуваат низ некој вид на депресивна и анксиозна состојба, а оние кои редовно имаат ваков вид на „врска“ покажале пониско ниво на самодоверба и задоволство од животот, за разлика од оние колеги кои имале долги, моногамни врски.
Научниците истакнуваат дека во стабилните врски, мажите имаат и повеќе можности да го побараат точно она што го сакаат во врска со сексот – на пример, исполнување на фантазија или директно барање на она што „сингл“ мажите не би можеле (или, ако ништо друго, не би требало) да го побараат за време на сексот за една ноќ.

Еднo истражување на универзитетот во Индијана покажало, исто така, дека помалку од 5% од мажите на возраст измеѓу 25 и 59 години, успеваат да одведат нова дама дома 2-3 пати неделно, додека во тој број на сексуални односи на неделна основа уживаат околу 25% од испитаниците.