
Осуманаесетгодишен Авганистанец до смрт го бодел својот сонародник (32) на пауза меѓу два часа германски јазик. Убиството се слулило вчера попладне во Образовниот центар во Заводот за вработување во виенскиот округ Лизинг. 18-годишното момче побегнало од местото на злосторството, а полицијата го пронајде кујнскиот нож со кој е извршено убиството.
Полициајта соопшти дека двајцата биле авганситански државјани, кои се познавале од претходно и дека се заедно на курсот учеле германски. Сведоците велат дека често се карале, но никој не очекувал трагичен исход.
Тие во вторникот околу 14 часот заминале за пауза по часот на првиот кат од зградата. Тој ден тие уште од утрото почнале да се караат и продолжиле и после часот, по што помладиот извадил кујнски нож и го избодел пријателот повеќе пати во градите.
Момчето по нападот го фрлил ножот и побегнал од местото. Лекарите од итната помош брзо стигнале па се обиделе да го реанимираат повредениот Авганситанец, но тој од здобиените повреди починал.
Полицијата успеа да го идентификува напаѓачот кој се уште е во бекство. По обдукцијата, телото на жртвата ќе биде испратено во Авганистан.