За мојата поранешна сопруга: Посакувам да те гушкав посилно…

popara11 јули, 20151min00
7

Писмо кое еден вработен во Епл го пишува на својата поранешна жена. Полно со љубов и емоции…

За мојата поранешна сопруга,

Никогаш не замислував дека ти и јас , од сите луѓе на овој свет, ќе поминеме низ нешто толку катастрофално.

Во текот на годините, доживеавме прекрасни спомени. Се искачивме на целиот пат до врвот заедно, само за да се лизнеме и да паднеме веднаш штом стигнавме таму.

Моето срце разнишана на милиони парчиња. На крајот, сфатив дека ништо не може да нè спаси.

Не можев да го вратам она што беше направено и решив да те пуштам да ја најдеш вистинската среќа.

Се ‘што некогаш сакав е сопствено семејство. Секој ден, сонував да се заљубам во жена со која ќе се венчам, да купам убав дом, во кој ќе се радуваме заедно со нашите деца.

Претпоставувам дека направи да се чувствувам дека со тебе можам да го постигнам сето тоа што го посакувам и што успеа да оствариш дел од моите соништа. Не сакав ништо повеќе отколку да бидам најдобар сопруг, романтичен љубовник и еден ден, најдобриот татко на светот.

Нашите односи не се совршени, но јас те сакав толку многу. И сите работи кои сакав да ги постигнам не можев да ги замислам со никој друг освен со тебе.

Нашиот живот заедно – тоа беше бајка. Но еден ден музиката замре, светлата се исклучија и нашето магично патување запре.

Нас не’ снема.

Одеднаш, се што беше толку познато во врска со животот го почувствував толку туѓо. Бев изгубен без тебе. Умреа моите спомени и соништа за нас кои знаев дека никогаш нема да се остварат.

Постојат неколку работи кои никогаш не сум имал можност да ти кажам …

Секој пат кога ќе пробав да ти се јавам, едвај чекав да одговориш на телефонотот.  И секогаш се јавуваше со толку нежност и љубов во гласот. Кој би помислил дека нешто толку едноставно може да биде толку моќно? Колку ми фали да ми кренеш и да ми кажеш „Еееј“… само толку.

Се сеќавам на сите времиња кога ме прашуваше зашто цело време те гледам и ми се лутеше за тоа… те гледав заради тоа што мислев дека си најубавото суштество на светот. И ми текнува кога се сликавме по 10 пати во една иста поза, а ти ги бришеше сите слики бидејќи не ти се допаѓаа. Мене искрено сите, ама баш сите ми беа убави. Бидејќи на сите бевме заедно.

Tи текнува на  Денот на вљубените во Атлантик Сити, кога стигнавме во хотелот и почна да скокаш на креветот од среќа. Потоа заспа од умор, а јас те гледав додека спиеш и сфатив дека секогаш морам да бидам покрај тебе и да те заштитувам.

Прстенот стоеше во мојата соба 3 недели, спакуван во својата плава Тифани кутија завиткана со бела панделка. Секој пат кога ќе ја погледнев, ми текнуваше на денот кога прв пат те здогледав.

Си мислев дека ние сме деца, кои немаат ништо, но се имаат едни со други. И никогаш нема да го заборавам тој ден на плажа кога ми кажа: “Да!”

Тоа беше еден од најсреќните моменти од мојот живот. И кога го ставив прстенот на твојот прст, мислев дека никогаш повеќе нема да падне.

на денот на нашата венчавка – никогаш не помислив дека ќе биде толку убаво како што беше.

Имав страв од се’ – фото апарати, цвеќиња, луѓето, односно на Црквата, местото на случувањето. Сè беше надвор од мојата имагинација, но ништо не може да се спореди со возбудувањето што го почуствував кога станав твој сопруг.

Не можев да дочекам да те направам Г-ѓа Д’Амбросио.

Ти беше мојот најдобар пријател. Сакав толку многу повеќе за нас двајца.

Понекогаш, сепак, ние мора да го прифатиме неочекуваното.

Нашиот свет се распадна и работите не може никогаш да бидат како порано..

Нема ништо поважно за мене од твојата среќа, затоа те оставив да на најдеш некаде без мене. Нашите животи тргнаа по различни патишта, но тоа никогаш не може да одземе од сеќавањата што ги делевме.

Како сум јас? Јас сум среќен. Си најдов мир. Јас сум позафатен од кога и да било на работа. Најдов нова страст со пишување и полека го обновувам животот што беше еднаш скршен на милион парчиња. Се уште сонувам  да имам семејство.Се разбира, јас се уште сонувам дас е заљубам и да ја најдам мојата вистинска среќа.

Јас сум толку многу истиот тој Ентони што го знаеше, а сепак толку различен.

Гледаш, многу луѓе живеат со омраза во овој свет. Истите тие луѓе живеат со лутина и страв.

Јас не сум еден од оние луѓе.

Јас сум разочаран што нашата приказна не заврши „си живееја среќно до крајот на животот“, но не сум лут поради тоа. Бог ми даде да се заљубам во тебе и никогаш нема да се каам за тоа. Ниту за прекрасните заеднички спомени. Како можам некогаш да се лутам за тоа?

И на крај, за тебе – Жал ми е за се она што сум го направил, а со тоа сум ти наштети. Никогаш немав лоши намери и се што правев беше за да ти го обезбедам она што го сакаше и она за што сонуваше. Сакав да ти го дадам светот.

За жал, не успеав.

Ако знаев тогаш тоа што го знам сега, ќе те гушкав посилно кога танцувавме и ќе одберев песна која не завршува.

Се најдобро,

Ентони