5 работи што не смеете да ги трпите во врската

popara14 март, 20151min00
3

Врската е полна со компромиси, а ако сакате добро да функционирате, јасно е дека ќе мора понекогаш да попуштите. Сепак, овие неколку работи едноставно не се попуштаат. Ако ги толерирате овие работи, не ви се пишува добро.

1. Претерана контрола

Некои луѓе се лежерни во врска со контролирање на партнерот, па покрај нив можете да го оставите мобилниот и да бидете сигурни дека нема ни да го допре. Сепак, има многу од оние што го чекаат секој слободен момент за да ви прочепкаат по инбоксот. Ако сте во врска со некој што е толку опседнат со контрола да душка по мобилниот и да бара да му се јавувате со кого сте и каде сте во секој момент, дефинитивно сте го избрале погрешниот.

2. Љубомора

Во мали дози може да функционира како доказ на љубов, но често несвесно ги преминуваме границите и од слатка љубомора стануваме опсесивни лудаци. Врската во која не си верувате еден на друг може само да предизвика кавги, кои никако не се добри за опстанок на врската.

3. Желба за промена

Неизбежно е во врската барем малку да се промените, но ако сте во врска со некој што сака целосно да ве редефинира за совршено да му одговарате, големи се шансите на крајот да го изгубите и момчето што се обидува да го направи тоа, но и себе. Ако тој не може да ве прифати онаква каква што сте, можеби не сте добра двојка.

4. Нерамнотежа во домашните работи

Никој не е баш претерано луд за чистење дома и нормално е во врската да се договорите и да ги поделите задолженијата на начин на кој секој ќе биде подеднакво ангажиран и задоволен. Ако сте во врска во која се чувствувате како слугинка, за жал, неговото однесување не можете да го смените, но можете него да го замените.

5. Лаги

Слатките мали лаги се сосема ОК, но ако вашиот партнер постојано нешто крие и ја избегнува вистината, ослободете со што побрзо бидејќи ве чека врска полна со стрес и со проблеми.