
Изреката вели: Подобро сами отколку во лошо друштво – но овој совет како често да го забораваме, посебно кога станува збор за врските. Овие 5 знаци откриваат дали си во врска од навика или поради страв од самотија, време е за промени.
1. Секс
Ако не си заинтересирана да го видиш во разголено издание, очигледно е дека си позаинтересирана да го видиш на излезната врата. Ако си веќе подолго време со него и мислиш дека е нормално да имаш секс еднаш месечно, знај дека тоа е нормално, но за парови кои се пред раскинување.
2. Иднина
Сонуваш за сопствен стан, слобода, мир.. Ако баш никогаш не зборувате за заедничка иднина, се е јасно.
3. Соло време
На секој партнер му е потребно малку време само за себе и тоа е потполно нормално и здраво. Но, ако на такви моменти се радуваш повеќе отколку на оние кои ги поминувате заедно, тогаш тоа значи само едно: тој не е тој.
4. Флертување
Ако секој маж, со кој дојдеш во контакт ти изгледа како подобар од твоето момче, тогаш што бараш уште со него?
5. Љубомора
Но не на другите девојки кои се околу него, туку на своите пријатели, кои се во среќна врска. „Иван и Ана се заедно три години, а сеуште се лудо заљубени“. Ако постојано те следи чувство на фрустрација, време е за преземање на „оној“ чекор…