Клери Хадсон е келнерка во Mac’s Grub Shak во Спринг Хил, Тенеси која воопшто не очекувала дека на нејзиното работно место може да ѝ се случи нешто толку неочекувано и крајно емотивно што ќе ја доведе до солзи.
Еден ден во ресторанот влегол човек и нарачал две пива и хот-дог за вечера. Таа му донела, го послужила и си заминала.
По некое време, откако изел сè ја побарал сметката, ја платил и си излегол.
Кога дошла Клери до масата за да ја расчисти, се израдувала кога видела 36 долари бакшиш. Но, откако ја земала фискалната сметка и ја прочитала напишаната порака била трогната до солзи.
Бакшишот не бил случајност, туку зад него се криела тажна приказна која човекот ја напишал во пораката:
„Денес е роденден на брат ми. Ќе наполнеше 36 години. Секоја година, на овој ден одам некаде и го нарачувам неговото омилено јадење (хот-дог) и на келнерот/ката му/ѝ оставам онолку долари, колку што тој полни години. Среќен роденден, Вес“.