Дона Ајрес, 33-годишна мајка на четири деца од Бернли е убедена дека веќе петта година ја прогонува и малтретира духот на нејзиниот покоен брат Паул.
Имено, нејзините проблеми со паранормални активности почнале кратко откако нејзиниот брат починал 2009. година, а како би докажала дека не е луда и дека не измислува, почнала да ги снима необичните појави и да ги објавува на Јутјуб.
„Со братот имав многу тежок и трауматичен однос и затоа сум убедена дека е тој, дека неговата душа ме прогонува“, рекла за Дејли мејл, Ајрес, која пет пати се преселила во желба да побегне од духот, но безуспешно.
„Почна со звукови во ноќите и траги од гребење по ѕидовите“, рекла жената чиј видео записи можат да ве вознемират.
Размислете два пати пред да ги гледате…