Годинешново целосно затемнување на сонцето ќе биде видливо на мал дел од нашава планета. Овој, и не така редок природен феномен, ќе може да се наблљудува на просторен појас кој опфаќа повеќе водена површина на северот на Атлантикот.
На копно, Фарските острови, како и островот Свалбард во Норвешка ќе бидат „почестени“ годинава со целосно затемнување на сонцето, односно небото над овие места ќе биде целосно во сенката на Месечината.
Делови од северна Европа ќе проследат затемнување на сончевиот диск од 90%. Најмало затемнување, од околу 40%, ќе биде видливо во делови од северна Африка, северна и источна Азија.
Затемнувањето ќе се случи во последните часови од годинешната календарска (астрономска) зима, на 20 март, петок. Целиот настан ќе трае 4 часа и 9 минути, од 7:41 UTC до 11:50 UTC, а максималното затемнување ќе биде видливо во 11:11 по локално време во местото Барентсбург на островот Свалабард. На оваа локација целиот настан, од почеток до крај на затемнувањето, ќе трае 2 часа и 9 минути.
Во Македонија затемнувањето ќе започне во 9:38, а ќе трае до 11:55. Максималното затемнување, околу 45% покриеност, ќе се случи во 10:46 по локално време.
Во видеото можете да ја видите симулацијата на затемнувањето на сонцетo.