Кога имала 13 години Бритни Спирс веќе имала две години искуство во шоу-бизнисот благодарение на улогата во американското шоу The Mickey Mouse Club.
Сега има 33 години, но кариерата ја започнала пред 20 години во шоуто The Mickey Mouse Club каде настапувала заедно со Џастин Тимберлејк, Рајан Гослинг, Кристина Агилера и Кери Расел.
Во 1999 година го издала албумот Baby one more time, продаден во повеќе од 30 милиони примероци низ светот. Истиот важи за најпродаван тинејџерски соло албум во музичката историја.
Инаку, шоуто било активно во периодот од 1989 година до 1995 година, а најмногу било познато по музичките спотови, скечеви и концерти, пренесува New York Daily.
Четири години по фотосесијата, Спирс го објави албумот „…Baby One More Time“ (1999) и се вивна кон врвот на музичката индустрија.
33-годишната Спирс моментално е фокусирана на своите настапи во Planet Hollywood во Лас Вегас, каде заработува по околу 475.000 долари за секое шоу.