Според мислењето на 22 доктори и психолози кои се членови на жирито во изборот на најдобра диета на годината, за диета – победник за 2014 година е прогласена, веќе петта година последователно, диетата наречена Даш. Второто место и припадна на Медитеранската диета, а третото на диетата на клиниката Мајо и Веит Вочерс (двете популарни диети го делат третото место).
Главната цел на диетата Даш е намалување на телесната тежина, но и на притисокот, а оваа диета според мислењето на жирито нуди најдобра комбинација на намирници од сите модерни начини на слабеење.
Автор на оваа диета е американската нутриционистка Марла Хелер која планот на исхраната го дели во две фази – концентрирање на типот на храна која ја внесуваме во организмот што е клучно за здравото одржување на линијата и немасни протеини и здрави маснотии кои даваат чувство на ситост и го контролираат апетитот.
За една од најлошите диети е прогласена Палео диетата која е сконцентрирана на месо, риба и зеленчук, а за најлоша од сите диети е проглаена диетата Дукан.
Како да ја „држите“ диетата Даш
Целта на оваа диета пред се е да се навикнеме на здрави навики кои доведуваат до намалување на килограмите. Секојдневното мени опфаќа богат избор на намирници, а дозволени се и „слатки“ во вид на незасладен компот, пудинг или сушено овошје. Според оваа диета дневното мени изгледа вака
8-10 мали оброци од овошје и зеленчук,
7-8 мали оброци од житарки
2-3 мали оброци со нискомасни млечни производи
Во дневното мени може да се вклучат и неколку мали порции морски плодови, риба и пилешко месо.
Се препорачува да се одбираат намирници кои содржат што помалку сол, а дневниот внес на сол би требал да биде околу и лажичка.