
Од кога е откриена Виаграта која на мажите и тоа како им помогнала во исполнувањето на сексуалните уживања, се вложуваат милиони како би се открила мала таблета која ќе го направи истото и за жените. Но за разлика од мажите кај кои се е многу едноставно, кај жените сексуалноста е нешто покомплицирана работа.
1. Деновите во месецот
Желбата за секс кај жените е многу променлива. Имено, докажано е дека жената со средината на менструалниот циклус, поточно за време на овулацијата има најсилна желба за секс.
Истражувањата докажале и дека во текот на тој период жената лачи хормон кој дури и мажите можат да го почувствуваат, па со тоа станува попривлечна и попосакувана на припадниците од посилниот пол. Токму во тој период жената најлесно се возбудува.
2. Фактор Х
Вкусовите се различни и секоја жена, кога станува збор за сексуалната привлечност, има различни критериуми. Но она на што не може да се влијае е фактор Х -тајна формула поради која жените паѓаат на одредени мажи. Во анкетата спроведена на жени е потврдено дека тој фактор Х кај секоја жена е различен.
Повеќето од анкетата кажале дека на мажите ги привлекува одреден дел од телото како рацете, нозете, рамената, задникот, па дури и дланките, додека неколку висината, бојата на гласот или насмевката ги издвоиле како секси особини кои ќе ги возбуди на прва.
3. Моќ
Кога се во прашање жените и сексуалноста, зборот моќ не опишува пари и друштвен статус туку нешто сосема друго. Анкетата покажала дека жените паѓаат на шармот и го сметаат како најмоќно машко оружје.
Смислата за хумор, познавањето на бонтон, романтика, елоквентност и широко знаење, се само некои од работите кои жените ги сметаат за секси и кои во само еден час време можат силно да ги привлечат кај мажите.