Во животот се среќаваме со тешки моменти кога ги губиме најдрагите. Тоа се моменти кои не можеме да ги спречиме или избегнеме, но најважно е како ќе се справиме.
Важно е да го зачуваме најубавото и највредното од тие луѓе. Мисли кои ќе ни останат како животни пораки и насоки кои ќе нè водат и ќе нè потсетуваат на најважните нешта кои не смееме да ги заборавиме.
Една 44-годишна мајка на 4 деца која починала од рак, во најтешките моменти на болка и страдање успеала да собере сила и да напише неколку пораки кои ќе им ги остави како најголемо богатство на своите деца:
– Сè што правиме во животот се враќа, без исклучок.
– Сите ние ја создаваме својата среќа и не смееме да дозволиме тоа да го прават другите наместо нас.
– Сè што се случило во минатото нема моќ над нас, освен ако тоа не го дозволиме ние.
– Кога луѓето ќе ви покажат какви се навистина, верувајте му на тој впечаток.
– Грижата само ни ја одзема енергијата, искористете ја за да ја канализирате во нешто корисно, помалку ќе се грижите.
– Она во што веруваме е посилно од она што го сакаме. Секогаш ќе го постигнеме она во кое веруваме.
– Бидете благодарни за она што го имате во животот.
– Среќата која ја чувствуваме е правопропорционална на љубовта која ја даваме.
– Ако сте наишле на неуспех, тоа нека ви биде мотив за да не се откажете. Тргнете во друг правец.
– Верувајте ѝ на интуицијата. Ретко изневерува.
– Сакајте се себе и учете од животот, Таа љубов поделете ја и со другите.
– Во сè што правите нека ве води страста.
– Љубовта не боли, колку повеќе ја има толку чувството е подобро.
– Секој нов ден е прилика за нов почеток.
– Сомнежот е сигнал за „не“. Ако се сомневате, бидете внимателни и добро размислете.
– И лошите моменти во животот се составен дел од него. Не заборавајте, тие не траат вечно, бидете трпеливи.
– Кога ви е најтешко, мислете на тоа дека ќе помине. Ништо лошо не трае вечно.
– Бидете си верни сами на себе.
– Кога не знаете како понатаму, чекајте трпеливо.
– Во животот на некои прашања не пронаоѓаме одговор.
– Решението доаѓа тогаш кога најмалку се надеваме и кога најмалку очекуваме.