Додека сите очекуваме наскоро официјално да биде најавен новиот Xperia Z4 од страна на јапонскиот гигант Sony, во јавноста се појавија фотографии за кои се тврди дека се од финалниот модел. Да погледнеме како ќе изгледа…
Како што ќе забележите од самите фотографии, моделот изгледа слично на неговиот претходник, Xperia Z3. Разликата е во големината на предните звучници, дебелината на уредот и малата разлика во поставеноста на копчињата на страничните делови на уредот. Големината на екранот се очекува да биде 5,2 инчи, со резолуција од 1920 x 1080 пиксели (FullHD).
Меѓу спецификациите се Snapdragon 810 процесор со 8 јадра и 64-битна архитектура (најмоќниот на пазарот), надополнет со 3GB или 4GB LPDDR4 RAM и простор за складирање на податоци од 16GB.
Камерата би била со резолуција од 20,7 мегапиксели и новиот Sony IMX230 сензор, додека пак на предната страна можете да очекувате камера со широко-аголна леќа. Телефонот се очекува да се најде во продажба во летните месеци.