Уште една несреќа во семејството на Шумахер!

popara20 март, 20151min00
13

Мик Шумахер, синот на славниот германски пилот Михаел, доживеа несреќа за време на тестирањето наа новиот болид во категоријата Формула 4.

мик

Инцидентот се случил на патеката Лаузицринг во германскиот град Бранденбург, а тамошните медиуми известуваат дека 15-годишниот Мик се спасил од катастрофа бидејќи во моментот на несреќата возел со 160 километри на час и излетал од патеката. Младиот Шумахер веќе тргна по стапките на татко му, а оваа сезона ќе биде прва за него во Формула 4.

Инаку, Михаел Шумахер веќе 15 месеци се бори за својот живот откако пред крајот на 2013 година доживеа несреќа на скијање во Франција.