
1. Вие сте посилни и поубави од кога било. Џенифер Анистон е жив пример за тоа дека разделбата може да ве разубави.
2. Ако еднаш изневерил, пак ќе ве изневери. Заборавете го и предајте се на оној што ќе ви даде 100% од својата лојалност.
3. Кога ќе бидете во вистинската врска, никогаш нема да мора да се прашувате: Дали ќе се јави? Кога ќе се јави? Зошто уште не ми кажал дека ме сака?
4. Подобро е да раскинете отколку да живеете со маж кој мисли дека е во ред да бидете повредени.
5. Врските имаат рок на траење. Ако сте со погрешната личност, љубовта ќе избледи кога тогаш.
6. Тој можеби ќе ве заборави побрзо отколку вие него, и тоа е во ред. Дозволено ви е да се чуствувате лошо, но не и да му го покажете тоа.
7. Тој не беше вистинскиот за вас, но времето ќе го донесе совршениот. Ова нека биде вашата мантра.
8. Успехот е најдобра одмазда. Живејте го животот така како што отсекогаш сте посакувале.
9. Сексот со бившиот изгледа како брзо решение, но еднаш мора да престанете и да продолжите понатаму.