Кога е најдобро да останете сами?!

popara21 март, 20151min00
25

Сите сме ги имале оние моменти после катастрофални состаноци кога викаме дека нема веќе состанување, но кога е навистина најдобро да останете сами и да се фокусирате на себе?

1. Доколку сте имале тешко раскинување или развод

Долгите врски значат многу емоции и долго време за преболување. Нема зошто веднаш да се фрлите во „потрага“ само за да не сте сами. Нормално е да ви треба време да закрепнете, а тоа време посветете го на себе си, креирајќи краткорочни цели кои ќе бидат фокусирани само на вас. Преболувањето на бившиот партнер може да трае некој месец, а може и година, не чуствувајте притисок. Бидете барем 80% закрепнати пред да се пуштите во состанување повторно, во спротивно само ќе се чуствувате полошо.

2. Доколку се наоѓате во тежок емоционален период

Ако се наоѓате во тежок емоционален период, депресија или се спрaвувате со одредена зависност, наместо да почнувате нова врска, најдобро е да ја фокусирате целата енерија кон себе. Најдоброто што може да го направите е да се чуствувате добро во своја кожа и да бидете среќни, само така ќе бидете среќни и со друга личност.

3. Доколку имате лоша среќа со состаноците

Последните неколку состаноци биле катастрофа и биле чисто губење на време? Статусот сингл, уште повеќе те мотивира да продолжиш да бараш момче, но не треба да се форсираш. Застани и размисли, дали можеби е до тебе или едноставно потребата да не бидеш сама те тера да отидеш на состанок при секоја можност. Застани и земи пауза, така полесно ќе го препознаеш потенцијалниот партнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *