Колку често треба да се сексате за среќен брак?

popara24 март, 20151min00
14

До сега безброј пати се дискутирало за тоа колку често паровите кои се во среќен брак имаат секс. Сега, конечно имаме и конкретен одговор на ова прашање.

Иако се вели дека љубовта, а не сексот, го одржува бракот и хемијата помеѓу партнерите, сексот е секако добар начин за да ја искажете љубовта кон вашиот партнер и тој секако не треба да се исклучи од брачниот живот. Сепак, во светски рамки постојано се зголемува бројот на браковите без секс, а не се потребни истражувања за да заклучиме дека и во нашата држава ситуацијата е сосема иста.

Во контекст на ова прашање, најновите истражувања донесуваат точни бројки за тоа колку често паровите кои се во среќен брак имаат секс на месечно ниво.

Ако сте едни од оние кои се грижат дека сексуалниот живот ќе им падне во криза кога ќе запловат во брачните води, тогаш овој податок дефинитивно ќе ве израдува.

Во ова истражување учествувале 400 омажени жени, а судејќи според резултатите по сè изгледа дека на повеќето им бил многу поважен квалитетот, отколку квантитетот.

Среќно омажените жени изјавиле дека имаат секс 11 пати месечно, додека оние, помалку задоволните, сопруги признале дека се интимни со сопрузите три до четири пати месечно.

Сепак, со текот на годините поради најразлични причини, многу брачни парови ја губат желбата за интимност со партнерот, а по дефиниција, бракот без секс не е брак во кој партнерите воопшто немаат секс, туку брак во којшто сексот не е редовен и се случува поретко од 10 пати годишно.

Во секој брак сексуалната желба се менува, паѓа или расте во зависност од тоа што се случува во животот на брачните партнери. Но, вистинските проблеми настануваат кога мажот и жената започнуваат да се чувствуваат оддалечени еден од друг и тоа трае подолг период кога се намалуваат или исчезнуваат сексуалните односи, а дополнително и целата интимност во нивниот брак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag