Интернетот донесе многу новини и го промени животот на речиси секој човек. Речиси да нема недостапна информација или човек со помош на новата мрежна технологија. Од социјални мрежи, сајтови за дружење и запознавање, се до сајбер секс. Голем број на жени решија да го искористат глобалниот пазар и да го продаваат својот сексипил на камера Тие се т.н. „Cam Girlz“, односно кралици на сајбер-сексот. Сепак, тоа што го работат не е само сајбер-секс, туку комбинација од онлајн „муабетење“, пип-шоу и стриптиз.
На тие жени, овој тип работа им овозможува лесни заработки. Најуспешните модели заработуваат околу пет фунти (повеќе од 400 денари) за минута, а во текот на целиот ден уживаат во својата спална соба. Во исто време, стотици илјади „загорени“ мажи од другата страна на онлајн-конекцијата уживаат во нивното друштво.
Режисерот на документарниот филм „Cam Gilrz“, Шон Дун, откри и друга страна на овој бизнис.
– Пред да почнам да го снимам овој филм, речиси ништо не знаев за тие девојки. мислев дека тоа е нешто лошо, што не треба да се работи. Со текот на времето, како што истражував, моето мислење се промени. Сфатив дека тие се жени што веруваат во себе и уживаат во тоа што го работат. Сакав да ја раскажам нивната приказна, токму поради предрасудите што многумина ги имаат кон нив – вели режисерот на филмот.
Една од девојките објаснила дека се наоѓаат со други девојки, договараат викенд во хотел во Лас Вегас, најчесто, и од таму се приклучуваат онлајн. Екипата на филмот била поканета да сними една од нивните „сесии“ и била шокирана од тоа дека реалноста не е многу различна од тоа што „клиентите“ го гледаат преку екраните од своите компјутери.
– Битно е дека тие не се само стриптизети, туку обични девојки, кои разговараат со муштерии, ги слушаат, се однесуваат пријателски со нив, па често се случува „клиентот“ и да се збуни, да помисли дека девојката и навистина е негова девојка, односно да се појават и емоции – објаснува режисерот на филмот.
Како што објасниле девојките, тајната на успехот во овој порнографски бизнис не е во лажењето на „клиентите“, туку во отворено зборување со нив, покажување искрени чувства, а воедно и посветеност кон исполнување на нивните сексуални желби. Тоа е гаранција за успех во бизнисот со сајбер-секс.
Освен тоа, и нивните клиенти не се чудаци. Честопати тоа се луѓе што работат многу, кои живеат на оддалечени места, кои имаат лабави врски или се несреќни во љубовта.